Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување – од утре голема промена на времето

Во текот на утрешниот ден облачноста ќе се зголемува, ќе почне да дува умерен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 3 до 5 степени, се вели во метеопредупредувањето на УХМР издадено вечерва.

Значително опаѓање на дневната температура (за дополнителни 7 до 10 степени) ќе има од четврток до сабота кога ќе преовладува претежно облачно и постудено време со локални врнежи од дожд.

Прогноза за 31.10.2019
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 11°С до 16°C
Претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер.

Прогноза за 01.11.2019
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претежно облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Прогноза за 02.11.2019
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 11°C до 17°C
Претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд и со умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК