8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Спасовски: Не смееме да дозволиме враќање на режимот, 27 април е потсетник за тоа каде сакаа да ја втурнат државата

Не смееме да дозволиме враќање на режимот на Никола Груевски. Настаните од црниот 27-ми април се потсетник на тоа каде сакаа да ја вратат државата, порача на почетокот од своето обраќање на граѓанската трибина На прав пат вечерва во Кавадарци.

-На 27-ми април ние како пратеници бевме подготвени и животот да го дадеме за слободата и иднината на оваа наша држава. Нема да дозволиме да се врати режимот, не смееме да го дозволиме тоа, 27-ми април е потсетник за тоа каде сакаа да ја втурнат државата, рече Спасовски.

По промените, прво што го направивме е да ја солободиме заробената држава, да го вратиме слободното перо, да направиме држава каква што ние посакуваме, слободна, демократска, на сите граѓани. Држава која нуди еднакви можности на сите, младите да ја гледаат иднината овде. Продолживме понатаму. Водевме нова битка, како да ги вратиме институциите кај граѓаните. Продолживме. Презедовме сериозни и храбри чекори со кои ја гарантираме иднината на државата. Ако сакаме да имаме мир и стабилност, ова е патот по којшто треба да продолжиме, додаде Спасовски, во своето обраќање Спасовски го поздрави и присуството на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на граѓанската трибина На прав пат.

https://www.facebook.com/SDSMakedonija/videos/799724403811549/

Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје – Најголемиот и најдобро организиран меѓународен настан во историјата на нашата држава

ДЕСК

20% зголемени плати во јавните установи за социјална заштита, соопшти ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Коцевски да си поднесе оставка и да не го држи обвинителството во заложништво заради служба на партиските интереси на СДС и ДУИ

ДЕСК