Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев за „Евроњус“ : Блокадата за ЕУ го доведува во ризик договорот за името

Премиерот Зоран Заев предупреди дека одлуката да не се започнат преговори за пристапување во Европската Унија со балканската нација, може да го доведе во опасност Договорот од Преспа, бидејќи двата процеси се меѓусебно поврзани.

Говорејќи за грчкото издание на „Евроњус“ во Скопје во понеделникот, Заев рече дека одредени фундаментални делови од договорот потпишан со Грција во летото 2018 година со кој се реши деценискиот спор за името меѓу двата соседи, се поврзани со напредокот на пристапувањето на земјава кон ЕУ.

„Одредени поглавја ќе бидат замрзнати затоа што тие не можат да се спроведат. Ние ќе се обидеме да ги спроведеме, но тие две работи се поврзани едни со други “, вели Заев нагласувајќи дека спорните поглавја главно се однесуваат на домашната употреба на новото име на земјата.

Заев, кој распиша предвремени избори за април, откако кандидатурата на земја за влез во ЕУ беше блокирана од Франција, рече дека приемот во блокот е единствениот пат напред за земјава и другите нации од Западен Балкан.

„Немаме алтернатива. Нема други понуди што би можеле да послужат како алтернатива. Она што други го нудат не ни дава демократија, владеење на правото и слободи. Ако згасне светлината на ѕвездите на знамето на Европската Унија, овде ќе имаме темнина. И, можеби ќе се изгубиме во овој мрак“, вели Заев.

Според него, ако на радикализацијата и воскреснувањето на национализмот им се даде плодна почва, тоа ќе му нанесе многу штета на целиот Балкан. „И кога Балканот има проблем, Европа има проблем“, додаде премиерот.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +