21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Шукова: Субвенции од 1.000 евра за 10 илјади семејства за набавка на клима-инвертори

СДСМ како одговорна партија останува посветена на остварување на ветувањата од „План за живот“.Мерките што ги презема Владата предводена од СДСМ покажуваат дека државата се движи на прав пат.

Силно сме посветени на справување со изворите на загадување на воздухот како единствено правилен пристап во решавањето на проблемот со аерозагадувањето, изјави Каја Шукова, претседателка на Комисија за животна средина и просторно планирање.

Од таа причина, според неа, покрај активностите кои се спроведуваат од Планот за чист воздух за 2019 година, како една од клучните мерки против загадувањето на воздухот е мерката за субвенционирање на граѓаните за набавка на инвертер клима-уреди за домаќинствата кои се греат на дрва или на други нееколошки енергенси и уреди.

„Домаќинствата од општините Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје ќе можат да бидат субвенционирани со по 1.000 евра, а мерката ќе ја добијат 10.000 семејства кои користат неефикасни уреди што сериозно влијаат на загадувањето на воздухот. Игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ придонесе овој проблем да заземе сериозен размер, но со конкретни мерки и интензивна соработка на централната власт со локалната самоуправа решавањето на проблемот со аерозагадувањето е на прав пат.

Квалитетна и здрава животна околина е еден од основните предуслови за квалитетен живот на сите граѓани во Северна Македонија, и во исто време клучна заложба на Владата предводена од СДСМ, со јасна политичка волја и низа конкретни мерки кои се спроведени во изминатиот период. Владата предводена од СДСМ воведе нов пристап во борбата со аерозагадувањето, кој треба да обезбеди постојаност и транспарентна имплементација на мерки во повеќегодишен временски период, со точно определена динамика и во сите области кои се директно поврзани со загадувањето на воздухот.СДСМ останува на прав пат во борбата против загадувањето на воздухот. Остануваме посветени да обезбедиме квалитетна и здрава животна средина и подобар живот за сите граѓани“, додаде таа.

Спонзорирано: