Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Тунџев од Берово: Цените на катастарските услуги се намалени и до 90 насто – СДСМ ги враќа парите кај граѓаните

Една од мерките што Владата на Република Северна Македонија ги вети и ја исполни, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот, истакна Борис Тунџев, член на комисија за транспорт и врски на СДСМ, на трибината „На прав пат“ во Берово.

Ова е една од клучните мерки за враќање на парите кај граѓаните истакна Тунџев, додавајќи дека е укината двојната наплата при повторното доставување пријава, ако претходната пријава за иста недвижност билa одбиена.

Цените на катастарските услуги се намалени и до 90 насто, рече Тунџев

Жителите на населените места Владимировци, Двроште, Ратино и Русиново чии имоти биле запишани во пописни листи од 52-54 година, можат без надоместок да извадат имотен лист, што е овозможено со последните законски измени, рече Тунџев.

Тоа е вистинскиот пат по кој заедно ќе продолжиме понатаму, порача членот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, на трибината „На прав пат“ во Берово.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Граѓаните сакаат подобар живот, плати и светла иднина, а не црни кампањи

C +

Филипче жестоко против црната кампања на власта: Јавен линч и лаги, сега ќе ги гонам!

C +

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

C +