24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шахпаска од Берово: Реформите во здравството се на прав пат, обезбедивме поголеми плати за лекарите и лекови во целиот месец за граѓаните

Продолжуваме континуирано да го унапредуваме здравството преку вистински и конкретни реформи. Платите на докторите ги зголемивме за 15 отсто. Кон крајот на годината ќе се приблиѓиме до она изборно ветување за плата од 100.000 денари за лекарите специјалисти. Исто така се грижиме и за пациентите. Го остваривме ветувањето за укинување на квотите на лекови со што сега граѓаните можат кој било ден во која била аптека да го подигнат соодветниот лек. Обезбедивме увоз на квалитетни лекови, а воведовме три нови инсулини. Остануваме посветени да ги остваруваме ветувањата и да продолжиме по прав пат, заклучи Шахпаска,

Шахпаска во своето обраќање се осврна и на донесувањето на Законот за стечајци со кој 12.000 граѓани добиваат надомест, како и за социјалната реформа преку која опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток е зголемен неколкукратно за разлика од претходно.