11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Почна Охридскиот дијалог кој ќе се одржува до 26 октомври во Охрид

Со утринска сесија почна Охридскиот дијалог кој претставува стратешкиот дијалог за унапредување на прогресивните и напредни решенија за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија и регионот, соопштија од Владата.

Како дел од Охридската група се и поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, голем дел на поранешни и сегашни дипломати, чија цел е преку активни решенија да ѝ помагаат на Северна Македонија во остварување на своите евроатлански интеграции.

„На утринскиот панел беше разговарано за следните чекори кои ја очекуваат Северна Македонија. Само две години по ослободувањето на државата од претходниот хибриден режим, ги решивме проблемите со соседите, имаме подобрување на регионалната соработка и сите економски индикатори покажуваат зголемување на трговската размена и на странските директни инвестиции. За само две години од изолирана држава, Северна Македонија стана релевантен партнер и пример во регионот“, се вели во соопштението.

На утринската сесија, велат од Владата, учесниците се согласија дека се тука за да помогнат, да се постигне уште поголем прогрес во евроатланските интеграции на државата.

„Пред речиси 20 години се мислеше дека членство во НАТО е невозможна мисија, со тукушто завршен внатрешен конфликт и многу поделби во општеството. Денес Северна Македонија е на чекор од полноправно членство во НАТО и останува посветена на имплементирање на ЕУ стандардите“, се согласиле учесниците, соопшти Владата.

Спонзорирано: