Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мицевски: 250 милиони евра вкупни инвестиции само во околината на Крива Паланка, тоа ни е потврда дека сме на вистинскиот,правиот пат!

Пред две и пол години нашата држава беше на слепиот колосек, скарана, изолирана и внатрешно поделена. За само две и пол години со упорна и посветена работа, ние се вративме на вистинскиот колосек , на правиот пат и покажавме како изгледа борбата за националните интереси. – истакна Борјанчо Мицевски градоначалник на Крива Паланка пред преполната сала на присутни граѓани.

Железничката пруга Бељаковце- Крива Паланка во вредност од 148 милиони евра, инвестицијата во новиот експресен пат од 58 милиони евра, а наскоро и целосна реконструкција на Куманово –Страцин во вредност од 20 милиони евра се само дел од проектите на кои се работи.- посочи Мицевски.

250 милиони евра инвестиции имаме само во околината на Крива Паланка. Денеска е реалност нешто што порано требало да се работи , но не се работело, се гледале само личните интереси.-посочи Мицевски.

Општина Крива Паланка работеше неуморно, реконструиравме 10 тина локални улици, инвестиравме во нова водоводна мрежа и канализациони системи, се инвестираше во голем број на патни правци. –потенцираше Мицевски.

Тој истакна дека после 38 години е реконструиран патниот правец кон с.Луке, во должина од 11 километри и вредност од 500 илјади евра . Но, исто така и патни правци кон повеќе други села како Конопница, Трново, Осич.

Покрај инвестициите во патната инфраструктура се вложува и во грижата за најмладите. Па, во таа насока е и инвестицијата од 15 милиони денари за адаптација,проширување и подобрување на условите во детската градинка Детелинка. А дополнително уште 23 .5 милиони денари за надградба на централниот објект на детската градинка, со што капацитетот на деца се зголемува за уште 100 деца.-истакна Мицевски.

Нов градски парк и плоштад е она што можат да очекуваат паланчани во периодот кој следува-истакна Мицевски кој напомена дека ова се само дел од проектите на кои работи општина Крива Паланка.

Тоа е вистинскиот,правиот пат по кој ќе продолжиме и во иднина напорно и посветено да работиме-заклучи Мицевски.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +