Centar.mk
ЛОКАЛНОИЗБОР

За една недела пајакот отстранил 264 непрописно паркирани возила

Во текот на изминатата недела, со специјалните возила пајак се подигнати 264 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 39 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 225 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 360 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 39 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

„Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка“, велат од Град Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Данела Арсовска и натаму заведена како Градоначалник на Град Скопје на веб сајтот на градот

ДЕСК

Стевчо Јакимовски оди во пензија – денеска ја оддржа последната прес конференција како градоначалник

ДЕСК

Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз

C +

Нашиот веб сајт користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот. Прифати Прочитај повеќе

Privacy & Cookies Policy
error: Соддржината е заштитена.