Centar.mk
пороен дожд / фото Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Следува сонце, па значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

Во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно и сончево време со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Прогноза за 13.03.2026
Минимална температура: -4°C до 4°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 14.03.2026
Минимална температура: -3°C до 4°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 15.03.2026
Минимална температура: -3°C до 5°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Филипче заедно со Пендаровски на денешната промоција на документарниот филм “Заробена вистина”

ДЕСК

ОД МИНУС ДО ПЛУС: Свежи утра и постепено затоплување преку ден

ДЕСК

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши

ДЕСК