Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Прекрасна вест за вработените на јавниот сектор: К-15 ќе се дели и за нив

Веќе од 2020 година вработените во јавниот сектор и правосудството ќе добиваат К-15 и јубилејни награди.

Ваква одлука падна по договорот меѓу синдикатот на УПОЗ и Министерството за информатичко општество и јавна администрација и ќе стои во гранковиот колективен договор за секторот кој треба да се потпише за две недели.

Ваквата информација ја соопшти денеска претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски на потпишувањето на колективниот договор на ниво на работодавач во Агенцијата за катастар.

„Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски деновиве треба да се произнесе околу предлогот за висината на К-15 по што ќе биде потпишан гранковиот колективен договор. Очекувам за две недели да ставиме потпис на Договорот“, вели Грујовски.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОСТАНУВА ГЛАВЕН ТРГОВСКИ ПАРТНЕР НА МАКЕДОНИЈА – На неа отпаѓаат околу 76 проценти од извозот

ДЕСК

РОДИТЕЛИТЕ ОСТАВИЛЕ ДОЛГОВИ, НО НЕ И ИМОТ – Дали децата мора да ги плаќаат кредитите и неплатените сметки?

ДЕСК

НАШЛЕ СКРИЕНИ ПАРИ ВО СТАРА КУЌА – Дали смеат да ги задржат или законот предвидува нешто друго?

ДЕСК