11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

(видео) Раководството на Герешајмер: Посветеноста на Заев, Анѓушев и Младеновски ја помогна нашата одлука да инвестираме во Македонија

Германскиот амбасадор Томас Герберих изрази задоволство што Македонија ќе биде една од 15-те држави во светот каде што „Герешајмер” има своја фабрика.

– Ова ќе биде прва фабрика во Југоисточна Европа и тоа е многу важно за пазарот на работна сила, бидејќи ќе се отворат нови 400 работни места. Нашите инвестиции ќе дадат поддршка на креирање на здрава економска средина и што е многу важно ќе отворат можности за македонските граѓани да останат во државата, посочи Герберих.

Извршниот директор на „Герешајмер” Дитмар Зимсен рече дека нивната компанија работи за здравствениот сектор и работат на производи што го подобруваат квалитетот на животот на луѓето, и оти нивните производи се од висок квалитет.

– Нема компромис за квалитетот на нашите производи. Оттука и вештините на луѓето кои ги вработуваме мора да бидат од високо ниво. Се одлучивме да инвестираме во Скопје бидејќи веруваме дека имаме пристап до луѓе со вистински вештини – техничари, инженери, се надевам дека на крајот на годината или на почетокот на следната ќе ги видиме и првите машини овде, дека оттука ќе излезат добри производи со висок квалитет што на крајот ќе бидат испорачани до крајните корисници, рече Зимсен.

Посочи дека планираат да почнат со уреди, со машини со продукти кои ќе бидат поддршка на испораката на амбалажа за пакување на лекови.

– Тоа се високо автоматизирани производсвтени линии што ќе бидат инсталирани овде, но како што веќе спомнав зошто се одлучивме за ова парче земја, а тоа е дека во Скопје и Северна Македонија јасно гледам можности за постигнување на нашите цели да вработиме луѓе со висока мотивација. Ја ценам поддршката што ја добивме од Владата, рече Зимсен.

Потпретседателот за глобални операции, квалитет и набавки Оливер Бургел рече дека биле импресионирани од локацијата за изградба на нивната фабрика и се заблагодари на Владата за заложбите и поддршката за оваа нивна инвестиција.

– Сите ветувања кои беа дадени од нивна страна, беа и одржани. Она што го гледаме сега во една куса временска рамка е за поздравување. Се надевам дека многу скоро ќе имаме и производство, веќе од следната година, рече Бургел.

Ова е втора инвестиција по потпишувањето на Протоколот за членство на земјава во НАТО. Договорот беше потпишан во март годинава.

Спонзорирано: