Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Љупчо Николовски вечерва објави сведоштво: Што всушност понудил Заев на лидерската средба, а Мицкоски одбил?

Фејсбук статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ:

Како сведок на лидерската средба а заради бегањето на опозицијата од избори во декември да се потсетиме на фактите а не лажните вести од истата:

1. Мицковски не кажа ниту еден збор за тоа дека Заев или Владата се виновни за недобивањето на одлуката за преговори,
2. Мицковски ја поздрави големината на Заев за одговорната пракса што ја воведува да ги повика граѓаните да се изјаснат за идниниот пат на земјата.

2. Заев прв предложи конкретен датум и тоа за брзи избори на 22 или 29 декември со техничка Влада.

2. Мицковски по подолго молчење и неизјаснување почна да инсистира на 100 дена техничка Влада без конкретен предлог.
3. Мицковски ниту еднаш не спомена конкретни датуми за избори во јануари ниту пак во февруари.

4. Мицковски како конкретен предлог го даде 22 или 29 март а после тоа и 5 април. Секој нов предлог беше што што подоцна што значи повторно одлагање.

5. Предлогот за 12 април не беше предлог на Заев и СДСМ туку на останатите.

6. На Зоран Заев во тек на целата средба му беа важни државните интереси и затоа вршеше консултации со министрите во Владата за да може да се ратификува навремено протоколот за #NATO и секако да се вратат стотиците милиони евра долгови наследени од Груевски.

Но сега имаме поважни работи од ова. СДСМ ќе добие уште еден мандат од граѓаните и ќе продолжи да ја води државата на вистинскиот пат на демократски и европски вредности, патот на развој и просперитет, бидејќи тоа е патот што води напред.

За пола мандат од изолирана земја, раскарана со своите соседи станавме светол пример во регионот за многу прашања. Ќе станеме членка на НАТО што е најсилна гаранција за стабилност и безбедност.

За да се одржат овие придобивки треба државата да има демократско раководство. Затоа бараме чист мандат за граѓаните да се изјаснат дали се за обнова на криминалот, режимот, неправдите или се за тоа да ја градиме Европа тука.

Во вториот мандат ќе ја градиме Европа тука. Ќе ги дозајакнеме реформите, ќе ја доразвиеме економијата, ќе изградиме Европска држава, без разлика на внатрешните одлуки на ЕУ.

Ќе продолжиме заедно уште посилно за повисоки плати, нови работни места, поголема социјална помош, изградба на ново патишта и градинки, поголема поддршка за домашните фирми, повеќе мерки против загадувањето и враќање на повеќе пари директно кај граѓаните.

https://www.facebook.com/100010690993120/posts/973046399728384?sfns=mo

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК