19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ФОТО) Дебакл на настанот што го организираше ВМРО ДПМНЕ во Прилеп по повод денот на револуционерната борба

Вистински дебакл се случи денеска во Прилеп, кога ВМРО ДПМНЕ, организираше настан по повод Денот на револуционерната борба – 23-ти октомври.

Салата каде што зборуваше лидерот на партијат, Христијан Мицкоски беше речиси празна.

Интересно е што пред Домот на Културата Марко Цепенков во Прилеп, каде што се оддржуваше настанот бил поставен и видео бим, со цел заинтересираните симпатизери на опозициската партија да го проследат говорот на Мицкоски, но таму било празно.

Граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека ВМРО ДПМНЕ не смее да го присвојува денешниот празник, ниту пак името ВМРО, со оглед дека тоа е дел од историјата на македонскиот народ, а не на една политичка опција.

Веќе во јавноста се поставува и прашањето, дали ВМРО ДПМНЕ смее да го користи и злоупотребува акронимот ВМРО, со оглед дека се врши манипулација врз граѓаните дека токму таа политичка опција се наследниците на вистинското ВМРО, па така се создава збунетост кај нацијата дека дека сите кои не се со опозициската ВМРО ДПМНЕ се против вистинското ВМРО, што всушност и не е така, бидејќи многу граѓани револуционерната борба и ВМРО ги чувствуваат како свои.

/ЈС/

Спонзорирано: