Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Заев со одлична вест: Платите се повеќе ќе растат

И овој месец имаме раст на просечната плата во споредба со истиот период во претходните години. Ова го напиша премиерот Зоран Заев.

– Имаме економска година и имаме Влада за граѓаните, а тоа се одлични услови за видливи економски резултати кои директно ги чувствува нашиот народ. Со дополнителното зголемување на минималната плата на 14.500 денари, приходите на граѓаните уште повеќе ќе растат, напиша Заев на Фејсбук.