8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фајненшл Тајмс: Црни денови би можеле да следат доколку се промени власта во Северна Македонија

По евентуалната промена на власт во Северна Македонија и можното доаѓање на националистите кои се спротивставија на Договорот со Грција за промена на името, Балканот може повторно да зачекори во црни денови, прогнозира британскиот весник „Фајненшл тајмс“ во новата ананализа за случувањата после Брисел.

„Ветото на Емануел Макрон за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за пристапување во ЕУ може да биде запаметен како историска грешка, која ќе ја ослабне Европа и која ги поткопува нејзините амбиции да стане геополитичка сила“, стои во написот.

Авторот пишува дека Макрон со својата блокада ја торпедирал политиката на проширување на ЕУ и дека ја лишил од еден од најголемите инструменти за надворешна политика. На овој начин, посочува авторот, Макрон може да предизвика дестабилизација во балканскиот двор на Европа.

„И се тоа потекнува од лидер кој тврди дека е пример за европски дух на солидарност и соработка“, подвлекува авторот.

Понатаму се додава дека барањата за нова методологија за преговори не се доволна причина да не отпочнат преговорите за членство со Македонија и Албанија, бидејќи тоа е процес кој би траел најверојатно со децении.

„Постои сериозна загриженост за организираниот криминал, корупцијата и владеењето на правото, особено во Албанија, чија мафија е присутна во повеќе земји на ЕУ. Данска и Холандија исто така одбија преговори со Албанија, додека Франција со тоа ја одби и Северна Македонија, покажувајќи дека не сака никакво проширување. Тешко е да се замисли дека Макрон може да го промени мислењето пред изборите во 2022 година“, проценува авторот.

Спонзорирано: