Две лица се повредени вчера во сообраќајна несреќа помеѓу два мотоцикли на бул. Партизански одреди во Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на едниот мотоцикл, З.Л. и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Додека со телесни повреди се здобиле Б.А. и неговиот сопатник А.М.(18) од Скопје и им била укажана лекарска помош во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје./Makfax