23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
izbori
МАКЕДОНИЈА

Заев: Не треба да го одложуваме пописот, ќе разговараме со директорот за термините

Пописот не треба да го одложиме, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој најави дека следната недела ќе оди на состанок со директорот на Државниот завод за статистика, со цел да бидат утврдени соодветни термини.

„Првичниот планови беа пописот да се одржи помеѓу 1 и 30 април. Може да се спроведе и во мај, но и на есен идната година. Да не прејудицираме, ќе разговарам со директорот, но сметам дека треба да се откажуваме од спроведувањето на пописот идната година“, рече Заев.

Вчера директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, изјави дека април поради изборите е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира. /Makfax

Спонзорирано: