Некои sвезди си го смениле своето име за да успеат полесно во кариерата, па затоа сега го користат уметничкото име по кое се познати.
Вистинското име на Вин Дизел (52) е Марк Синклер Винсент. Додека Вин е само скратеница за неговото вистинско презиме, тој се одлучил за уметничкото презиме Дизел бидејќи тој прекар му го дале неговите пријатели затоа што бил полн со енергија.
Вистинското име на Натали Портман (38) е Нета-Ли Херхслаг. Таа одлучила да работи под презимето Портман затоа што сакала да ја зачува приватноста поблиску до семејството. Портман е моминско презиме на баба ѝ.
Николас Кејџ (55) е всушност Ким Копола. Тој го криел своето вистинско име од почетокот на кариерата затоа што не сакал да се прослави само врз основа на крвната врска со славниот режисер, неговиот вујко Франсис Форд Копола.
Тој го избрал уметничкото презиме Кејџ поради стрип-херојот на Марвел, Лук Кејџ.
Актерката Џенифер Анистон (50) има грчко потекло и вистинското име ѝ е Џенифер Лин Анастасакис. Нејзините родители ѝ го смениле презимето во Анистон за да ѝ помогнат на својата ќерка, која сакала да стане актерка.
Полното име на Бред Пит (55) е Вилијам Бредли Пит, но сите го познавале под името Бред, па затоа тој замина во светот на глумата со тоа име./Makfax