Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски се плаши и бега од брзи избори во декември

Мицкоски се плаши и избега од брзи предвремени избори во декември, граѓаните ќе го казнат со нов изборен пораз, смета СДСМ.

Од владејачката партија преку соопштение велат дека ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои посветено работеле против интеграција во НАТО и ЕУ, против реформите и напредокот на државата.

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените што се радува и аплаудираа на историската грешка на ЕУ, затоа што сакаат државата да ја вратат назад во изолација и неизвесност. Без визија, без конкретна програма и цел, ВМРО-ДПМНЕ го очекува вистински дебакл на предвремените парламентарни избори. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се исплашија и побегнаа од брзи предвремени избори во декември. Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е Коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата“, додава СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Скопјанец пријавил напад во Карпош: Лице удирало по возилото, па физички го нападнало

ДЕСК

Татко пријавил дека малолетник ја допирал по телото неговата ќерка за време на голем одмор

ДЕСК

Жител на Злетово осомничен за измама од 860.000 денари преку 18 уплати во странство

ДЕСК