Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Столтенберг на Твитер: Разговарав со Заев, наскоро Северна Македонија се придружува во Алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска преку својот Твитер профил информираше дека разговарал со македонскиот премиер Зоран Заев, во врска со посветеноста за пристапување на Северна Македонија во НАТО.

Тој оцени дека процесот на ратификација е на добар пат.

– Имав добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев за да ја реафирмираме посветеноста на НАТО за приклучување на Северна Македонија.

Процесот на ратификација е на добар пат, очекуваме Северна Македонија наскоро да се придружи во Алијансата, напиша Столтенберг на Твитер.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК