8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Казнети 48 возачи – полицијата ги фатила дека немаат дозвола

Изминатиов викенд на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 69 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 90 возачи, од кои: 37 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 48 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и пет возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 36 возила, бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, три возачи поради неправилно престројување, четири возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, осум возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 21 возач поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во однос на пешаците, санкционирани се седум пешаци поради поминување коловоз вон пешачки премин и двајца пешаци поради поминување на коловоз на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 154 мандатни платни налози, а 144 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.