Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Со убедлива победа Мицкоски се силеше и на предходните избори

Коалицијата на Христијан Мицкоски го менува само името, а во суштина ништо не се менува. Тоа е Коалиција за обнова на режимот, на криминалот и изолацијата, оопшти СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да понудат ништо освен блокади и деструкција, тие беа единстевните што работеа против ЕУ и НАТО, единствените кои се радуваат на историската грешка на Самитот во Брисел.

Во страв од извесниот пораз на изборите на 12 април, Мицкоски зборува за наводни анкети и негова предност, а во реалноста сите релевантни анкети покажуваат дека Коалицијата предводена од СДСМ е фаворит на изборите кога и да се случат тие.

Со убедлива победа Мицкоски се силеше и на предходните избори, но граѓаните ја победуваа неговата деструктивна матрица. Така беше на референдумот, на претседателските и на вонредните локални избори во Охрид и Ново Село, така ќе биде и на изборите на 12 април.

Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ после години посветени на ширење на поделби, омраза и национализам денес да зборуваат за подготвеност за вклучување на други партии во коалицијата, вклучително и албански.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се прочитана книга, затоа ќе изгубат и на следните предвремени парламентарни избори на 12 април следната година“ се вели во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +