Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски избега од избори во декември, се плаши од граѓаните, знае дека го чека нов пораз

Прес конференција на СДСМ, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ – интегрален текст:

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

На вчерашната лидерска средба ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се уплашија од брзи избори.

Тоа што Мицкоски не прифати избори во декември кажува дека се плаши од граѓаните, знае дека го чека нов пораз.

Јасно е дека СДСМ и коалицијата што ја предводи се фаворити на изборите на 12 април.

Во изминатите 2 години ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беа единствените што работеа против рефромите, против напреодкот, против интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Единствените кои се радуваа на историската грешка на Самитот во Брисел беа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Оние кои 11 години ја држеа земјата во изолација, далеку од демократскиот свет.

За 2 години ВМРО-ДПМНЕ не понуди ниту една идеја, нема програма, ниту визија.

Тие нудат само обнова на режимот и криминалот.

Ние сме со граѓаните постојано на терен. Од нив ја црпиме силата, со нив заедно на 12 април ќе го потврдиме патот по кој одиме.

Тоа е патот на повисоки плати, на огромна социјална помош, патот на бескомпромисна и неселективна борба со корупцијата, патот на враќањето пари назад кон граѓаните.

Граѓаните не сакаат и нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги вратат во темното минато на режим, криминал и неизвесност.

На 12 април одиме на голема победа за да продолжиме по вистинскиот пат.

Можеби ќе ве интересира

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК

ИЛИ 180 ДЕНАРИ ЗА ОБРОК ИЛИ ПРОТЕСТИ – Студентите со конкретни барања до МОН

ДЕСК

Цветков до Дурмиши: Како граѓаните да го преживеат месецот со две минимални плати ?

ДЕСК