Centar.mk
БИЗНИС

Саем на кариера и вработување утре на платото на УКИМ

Саемот на кариера и вработување 2019 ќе се одржи утре, на 22 октомври од 11 до 14 часот, на платото на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Агенцијата за млади и спорт обезбеди над триесет домашни компании, младински организации, агенции за вработување, едукативни центри и понуди за младински поволности.

Саемот е наменет за сите млади кои бараат пракса, работа, можности за вмрежување, младински активизам, ИТ едукација, програми за работа надвор од државата, Еразмус+ проекти, тренинзи, работилници, преквалификација и доусовршување.

Идејата е младите да дојдат со својата кратка биографија во печатена или електронска форма и да искористат некоја од можностите.

Можеби ќе ве интересира

ТРГОВЦИТЕ ПОД ЛУПА – Државата најавува реакција доколку има неоправдано зголемување на маржите

ДЕСК

Скопје – место на средба на енергетската дипломатија и меѓународната соработка

ДЕСК

Божиновска: Предвидливата законска рамка и сигурното снабдување со енергија се клучни за конкурентноста на економијата

ДЕСК