Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Туск со директна порака до Владата на Зоран Заев: Ве молам не се откажувајте, вие го сторивте своето, ние не

Првиот човек на Советот на Европа, Доналд Туск на завршната прес конференција поврзана со крајот на историскиот самит на ЕУ, порача дека нема одлука за Македонија и Албанија да почнат преговори со Унијата.

Останува одлуката да биде донесена за време на хрватското претседателствување со ЕУ, во мај 2020 –година.

Туск потенцираше дека ниту Северна македонија, ниту Албанија не се виновни, комисијата утврди дека сторија се што се бараше од нив. Преспанскиот договор е неверојатно постигнување. Тие се подготвени, но некои земји членки не се подготвени за нив. Нема да коментирам повеќе за тоа .

По шпекулациите за евентуална оставка на функционери од македонската Влада, но и силата која ја зедоа антизападните опозициски сили кои најавија демонстрации и ја поддржаа Франција во одлуката, Туск излезе со јасна, концизна и директна порака:

– Но имам една порака до Северна Македонија – ве молам не се откажувајте, нема потреба од фрустрација, вие го сторивте своето, ние не. Не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ, децидент е Туск.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13

ДЕСК

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ГИ НАЈАВИ ПРИОРИТЕТИТЕ – Организациски промени и отпор на притисоци во ОЈО ГОКК

ДЕСК

ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА БОКИ 13 – Апелација ја преиначи одлуката за „Меѓународен сојуз“

ДЕСК