5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Христијан Мицкоски: Франција не е виновник, од Франција да земеме пример

– „Нема датум оти нема реформи, а имаме систем на распаѓање и власт која не испорачува правда. Не е Франција виновник, од Франција треба да земеме пример како треба да се однесуваме како општество. Но, со политичари како Зоран Заев тоа ќе биде невозможна мисија“, ијзави меѓудругото лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Ваквата изјава беше осудена од многу граѓани на социјалните мрежи, со оглед дека речиси целото раководство на ЕУ даде најпозитивни оценки за Македонија. Позитивни оценки даде и Франција, чие лидерство порача дека проблемот не е кај Македонија, туку кај Франција и ЕУ и дека таму работите им биле несредени, па затоа треба да се почека со проширувањето.

Одлуката за непочнување на преговори на Македонија со ЕУ, беше оценета како срамна одлука на Франција и од речиси цела меѓународна заедница, бидејќи во вакви услови раце тријат смао антизападните сили во регионот.

Интересно е што во овој клучен момент опозицијата во Македонија на чело со Христијан Мицкоски најави и протести.

Спонзорирано: