Centar.mk
ЛОКАЛНО

Нова велосипедска патека на булеварот Киро Глигоров, градиме по план, инвестираме во инфраструктурата

Градската власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз, продолжува со реализација на инфраструктурните проекти во интерес на граѓаните, изјави Петар Петковски од ОО СДСМ Гази Баба.

– Имено, службите од Јавното претпријатие за Улици и патишта целосно завршија со афалтирањето на новата велосипедска патека на булеварот Киро Глигоров, на потегот од крстосницата со улицата Перо Наков до улицата 808 кај пивара Скопје.

Велосипедската патека е од двете страни и набрзо ќе биде и обележана.

Во наредниот период патеката ќе биде продолжена од улицата 808 до булеварот Александар Македонски.

Почитувани, градот Скопје во соработка со општинските власти и во наредниот период посветено продолжува со проширување на велосипедската мрежа и поврзување помеѓу населбите.

Интересот на граѓаните е наш приоритет и така ќе остане и во иднина, рече Петар Петковски од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +