Centar.mk
фото КХС
ЛОКАЛНО

КХС: Во текот на месецот октомври се подигнати и транспортирани 14.000 тони комунален отпад

Во текот на месецот октомври, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 14 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.

Во истиот период, од јавни и сообраќајни површини се отстранети и 950 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад. Најголемо количество отпад од диви депонии -200 кубни метри- е подигнато во општината Чаир.

Во текот на минатиот месец, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 83 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти што биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 47, се врачени на територијата на скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје преку рачно и машинско метење и миење секојдневно ја одржува јавната хигиена на скопските булевари и улици, како и плоштадите и пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода” и целокупниот простор на Старата скопска чаршија.

Вработените во администрацијата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, во текот на месецот октомври земаа учество и во масовната еколошка акција „Не оставај ѓубре, остави пример“, организирана од Градот Скопје.

фото КХС

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ВОДА ОД 09:00 ЧАСОТ – Прекин за дел од улицата „Коце Металец“

ДЕСК

ТРИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ДЕНЕСКА – Проверете ги термините за Маџари и Мралино

ДЕСК

Продолжуваат градежните активности за изградба на фекална канализација во Миладиновци

ДЕСК