23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

(Видео) Јанчева: Булеварот Трета македонска бригада наскоро ќе биде довршен

Булеварот Трета македонска бригада конечно, после шест години од почетокот на неговата изградба, ќе биде довршен, изјави Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје.

„Град Скопје го започна отстранувањето на автопералната која заради брзоплетото и непланско работење на претходната власт беше пречка за довршувањето на изградбата на булеварот. Градската администрација раководена од СДСМ и градоначалникот Шилегов, со одговорен однос кон судскиот имотно правен спор за објектот на оваа автоперална, успеа да го заштити интересот на граѓаните обезбедувајќи услови за целосно завршување на изградбата на булеварот“, рече таа.

Јанлева потсети дека првата фаза од проширувањето на тогашната улица Трета македонска бригада од Бул. Србија до спорниот објект, била започната во 2013-та година, на почетокот на вториот мандат на Коце Трајановски.

И покрај апсолутната власт на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време, рече таа, до крајот на својот мандат Трајановски не успеа да го реши судскиот спор.

„Од тие причини проширувањето на улицата во булеварско решение Трајановски го развлекуваше цели 4 години. Неспособноста и непланското работење на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ цели 4 години ја прошируваше и ја остави недовршена една од најфрекфентните улици во општина Аеродром. Спорниот објект на автопералната до вчера го попречуваше нормалниот проток на возилата и на тој начин ја намалуваше и брзината и безбедноста на сообраќајот. За само 2 години од преземањето на локалната власт во Град Скопје СДСМ успеа, со одговорен однос кон управувањето на Градот и штитењето на граѓанските интереси, да го доведе до крај имотноправниот спор кој Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да го решат цели 4 години“, рече Јанчева.