23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Пријави за двајцата Косовци што краделе брендирана облека во Скопје

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ц.(19) и С.Ш.(22) од Република Косово, поради сомнение дека сториле две „тешка кражба“.

На 11.10.2019 година околу 17 часот во трговски центар во Скопје, од два објекти со употреба на сила одзеле брендирани производи, здобивајќи се со противправна имотна корист. Лицата се лишени од слобода, а одземените предмети се вратени на сопствениците./Makfax