Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција, во момент кога Анкара спроведува воена операција во Сирија, јави весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на свои извори.
За потсетување, компанијата преговара со турските власти за изградба на фабрика во близина на Измир.
Сепак, откако Турција почна офанзива во Сирија, раководството на „Фолксваген“ не брза да го потпише договорот, пишува весникот.
„На целата ситуација гледаме со голема претпазливост“, изјавил претставник на „Фолксваген“ за турскиот весник./Makfax