Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Нема ново нето задолжување, ги расчистуваме долговите наследени од ВМРО-ДПМНЕ, економијата е на прав пат

Нема крај на лагите од ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја задолжи државата и ја донесе до економски крах, не може да се помири со фактот што економијата денес е на прав пат. Не е точно дека има ново задолжување како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Како што јавно соопшти Министерството за финансии, со денешната аукција ќе се покриија стари долгови од претходно издадени државни хартии од вредност, кои доспеваат за исплата на 16ти и 19ти октомври, реагираат од СДСМ на изјава за медиуми на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема ново нето задолжување, туку станува збор за презапишување на претходно издадени државни обврзници, од кои најголем дел се издадени пред 5 години.

Неколкупати во низа се намалени и каматните стапки и моментално тие се на историско најниско ниво, нешто што во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ не можеше да се очекува.

Дека СДСМ се грижи за граѓаните докажува и податокот за висината на јавниот долг. Кога ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година ја презема власта, јавниот долг изнесуваше 45,7% од БДП, додека истиот на 31.12.2016 година беше 48,8% од БДП.

Јавниот долг денес бележи значително намалување и заклучно 30.06.2019 година изнесува 46,7% од БДП.

Граѓаните со свои очи ја гледаат вистината. Во Република Северна Македонија се градат патишта како никогаш досега.

За само 2 години изградени се 500 километри патишта во вкупна вредност од 540 милиони евра.

Над 80 магистрални и регионални патишта се обновени, а во изградба се уште дополнителни 350 километри пат односно околу 40 регионални патишта.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна не минуваат граѓаните секојдневно ја гледаат разликата меѓу одговорното и отчетно работење на СДСМ и криминалото и деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ.“ – се вели во реакцијата.

Можеби ќе ве интересира

Претседателот Гаши на средба со претставници на ДИК

ДЕСК

Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри, ќе бидеме шампиони па ќе добиеме ново вето – порача Мицкоски

ДЕСК

Годишна конференција за здравство: „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“

ДЕСК