Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерството за финансии: Преку редовна аукција се сервисираат долгови пред пет години

Со денешната аукција на државни хартии од вредност ќе се покријат стари долгови од претходно издадени државни хартии од вредност, кои достасуваат за исплата на 16 и 19 октомври, информираат од Министерството за финансии.

„Ова е редовна аукција најавена во календарот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии и нема ново нето-задолжување. Станува збор за презапишување претходно издадени државни обврзници, од кои повеќето се издадени пред 5 години“, се наведува во соопштението на ресорното Министерство.

Од таму истакнуваат дека бројот на аукции сега е преполовен во однос на бројот на аукции на претходната влада и е сведен на две месечно.

„Каматните стапки по кои се издаваат државните хартии од вредност сега се на најниско историско ниво. Тие се неколкукратно пониски во однос пред неколку години. И со оваа аукција тие се намалени за дополнителни 10 базни поени. Со ова се намалува трошокот на државата за сервисирање на долгот. Стариот долг со повисока каматна стамка се сервисира со значително пониска каматна стапка со денешната аукција на ДХВ“, објаснуваат од Министерството.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +