20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСИЗБОР

Се менуваат цените на горивата во Македонија

Утре регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) треба да одлучи кои ќе бидат новите цени на бензинот и нафтата, но и другите енергенси за малопродажба.

Ваквата одлука се носи еднаш неделно, стандардно секој понеделник.

Со последната одлука добивме намалување на бензините и тоа Еуросупер 95 се намали за 0,5 денари и чини 68 денари, а Еуросупер 98 и нафтата за 1 денар,, и чинат 70 денари за “98-ка” односно 62 денари дизелот.

Точните бројки се очекуваат да бидат соопштени утре напладне.

Спонзорирано: