23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Меркел ќе го убедува Макрон да попушти за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, и францускиот претседател Емануел Макрон утре треба да остварат средба, која според уверувањата на дипломатите, е последна шанса да се убеди Париз да го смени ставот за блокирање на планираниот почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, пренесе „ДПА“.

Дипломат од Брисел за германската агенција оценува дека оној што сега ќе го блокира пристапниот процес ќе биде одговорен за можната дестаблизација на регионот.

Агенцијата нагласува дека блокадата ќе биде особено тешка за Северна Македонија, која се согласи на промена на името за да го откочи процесот на интегрирање во Унијата./Makfax