5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Вечерва претреси на локации во сопственост на три лица низ Скопје – Рускоска објави детали

Вечерва јавната обвинителка Вилма Рускоска пред кривичниот суд ги потврди информациите за претреси на локации кај три физички лица.

Сите овие лица се осомничени во проширениот дел на истрагата во случајот “Рекет”, во кој се осомничени пет лица и едно правно лице, а поврзана со невладината Меѓународен сојуз на Боки Јовановски.

Рускоска потврди дека е побаран притвор за еден осомничен, неофицијално се работи за претседателката на Меѓународен сојуз, Јасна Мандиќ, која вечерва беше донесена со полициска придружба во Јавното обвинителство.

За останатите осомничени лица се побарани мерки на претпазливост, информираше јавната обвинителка.

Спонзорирано: