Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ВОНРЕДНИ НАЈАВИ ЗА ВРЕМЕТО, НЕВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Четиридневна прогноза

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Утре и за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 60 km/h). Во понеделник ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 23.05.2026
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 20°C до 29°C

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Прогноза за 24.05.2026
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 30°C

Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер (над 50 km/h). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h).

Прогноза за 25.05.2026
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 21°C до 31°C

Променливо облачно со изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Спасовден 2026: Денот кога народот верува дека молитвите имаат посебна сила

ДЕСК

Понеделник е неработен ден

ДЕСК

ЗНМ: Без стабилно финансирање нема суштински реформи во МРТ

ДЕСК