Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Лазаревска: Ние инвестираме во реални потреби на образованието и ги решаваме наталожените проблеми

Кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за инвестиции во образованието е смешно и дегутантно, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на денешната седница на собранието, посветена на ребалансот на буџетот за оваа година.

Таа запраша дали е инвестиција тоа што од системот што го ВМРО-ДПМНЕ го креираше 11 години излегуваат 15-годишници, кои се полуписмени, кои заостануваат за 1,5 година со образование во однос на своите врсници од соседните земји и од ЕУ.

Дали за вас е инвестиција воведувањето на Кембриџ програмата, за која стручњаците велеа дека не е соодветна, но министерството склучи договор и сега ние не можеме да го раскинеме бидејќи би плаќање милински суми, додаде Лазаревска, обраќајќи им се на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали за вас е инвестиција, 60 милиони евра за програмата Компјутер за секое дете, кои завршија во депоата на училиштата, дали за вас е инвестиција проектот за екстерно тестирање, толку скап, а толку деградирачки за наставниот кадар, запраша Лазаревска.

ВМРО-ДПМНЕ остави ученичките и студенстки домови со долгови од 5 милиони евра, студенти паѓаа по лифтови, печурки растеа, а сега се реновира. За разлика од вас ние инвестираме во реалните потреби и со секој буџет и ребаланс на буџетот ги решаваме наталожените проблеми, истакна пратеничката на СДСМ Жаклина Лазаревска на собраниската седница,посветена на ребалансот на буџетот за оваа година.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК