Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Centar дознава: Во тешката сообраќајка на патот Штип – Кочани се судриле три возила, повредените се носеа со болнички

Во 15.00 часот во СВР Штип пријавено е дека на патот Штип- Кочани кај село Крупиште се случила сообраќајна незгода во која има повредени дознава Centar.mk.

Според првичните информации во незгодата учествувале три возила и биле повредени три лица кои со болнички биле пренесени во Клиничката болница Штип.

Засега немаме информации за состојбата на повредените.

Увидот е во тек, а сообраќајот на магистралниот пат Штип-Кочани, пред с.Крупиште-О.Карбинци, поради сообраќајната незгода, се одвива наизменично.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +