Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Поцков на граѓанска трибина „На прав пат“: Гевгелија е на прав пат, се градат водоводи, улици и паркинзи, а наследените долгови се враќаат

Гевгелија е на прав пат бидејќи финансиски ја стаблилизиравме општината, а Општина Гевгелија втор пат е наградена како најтранспарентна општина во Македонија, рече градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков на трибината на СДСМ „На прав пат“.

Тој истакна дека пред две години општина Гевгелија имала вкупен долг од 5 милиони евра, што е огромна сума, ако се има предвид дека основниот буџет на општината изнесува 3,5 милиони евра, а денеска долгот е помал од 1 милион евра и општината не е должна на ниту еден бизнисмен.

Поцков се осврна на дел од проектите во Гевегелија и 12-те населени места во општината кои се реализирани, како пречистителната станица, водоводот, реконструкција и изградба на повеќе улици и патишта, паркинзи, реновирање на градинки и училишта.

Тој додаде дека во тек е регулирање на коритото на Сува река, изградба на атмосферска канализација во индустрискиот дел на Гевгелија, а од следната година во јужниот дел на Гевгелија ќе се одвојува фекалната од атмосферската канализација.

Фокусот на општина Гевгелија во економскиот развој е обезбедување на инфраструктура за ТИР зоните, кои ќе значат 22 нови инвестиции и 4.600 нови работни места и ќе имаат регионален карактер, бидејќи а во Гевгелија има само 582 активни баратели на работа, порача градоначалникот на Гевгалија Сашо Поцков, на трибината „На прав пат“ на СДСМ.

Пред многубројните присутни на трибината, градоначалникот Поцков со особено задоволство најави дека од 2020 година се враќаат ингеренциите на судот во Гевгелија, одземени во 2003 година, со што граѓаните повеќе нема да мораат да одат во судот во Велес.

На граѓанската трибина на СДСМ во Гевгелија учествуваа и генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски и претседателот на партиската комисија за здравство Венко Филипче.