23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Британците ги префрлаат парите во Швајцарија

Во швајцарските приватни банки во последно време има се поголем број на богати клиенти од Велика Британија, кои неодамна го пренесуваат својот имот во странство за да го избегнат хаотичниот брегзит, но и можни повисоки даноци во случај на изборна победа на лабуристите.

„Бројот на сметки отворени од Велика Британија се зголеми тројно во последните месеци“, вели извор од Одделот за управување со средства во голема меѓународна банка во Швајцарија.

Швајцарските банки не објавуваат детали за клиентите, но изворите велат дека кога станува збор за клиенти во Велика Британија, повеќето сметки ги отвориле богатите британски граѓани кои сакаат да пренесат дел од нивните средства во Швајцарија,којашто е познато засолниште за богат имот од целиот свет. Трендот се засилил во последните неколку недели.

Лабуристите најавуваат повисоки даноци, што предизвика страв кај богатите.Моќните Британци сакаат да го заштитат својот имот, дури и ако на власт во Велика Британија дојдат лабуристите кои најавувајќи повисоки даноци.

Од јуни 2016 година и референдумската одлука за излез на Велика Британија од ЕУ, фунтата ослабе меѓу 17 и 18 проценти во однос на доларот и еврото.Останаа само неколку недели до објавениот датум на излегување од ЕУ, а условите и можните последици за економијата на Велика Британија сè уште се обвиткани во неизвесност.

Најновите статистички податоци на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) покажуваат дека Британците на крајот на март имале околу 19 милијарди американски долари во Швајцарија. Во време на финансиската криза, тие чуваа околу 30 милијарди долари во алпското финансиско засолниште.Меѓу популарните финансиски засолништа на богатите Британци е и Луксембург, каде што на крајот на март имале околу 14 милијарди долари./Makfax