3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Поранешнaта асистентка на Де Ниро му бара 12 милиони долари отштета поради злоупотреба

Чејс Робинсон, поранешна асистентка на Роберт де Ниро, го обвини актерот за „сексуална дискриминација, непријателско работно опкружување и вознемирување“ и бара отштета од 12 милиони долари!

Чејс поднесе тужба во федералниот суд во Менхетен, откако Де Ниро ја тужеше за утајување на шест милиони долари бидејќи, како што тврди, ја користела кредитната картичка на неговата компанија за сопствени потреби.

Робинсон започнала да работи за Де Ниро во 2008 година како извршен асистент. Таа поднела оставка во април 2019 година, една и пол година откако беше унапредена во заменик-претседател на производство и финансии во компанијата на Де Ниро.

Таа сега тврди дека Де Ниро вербално ја злоупотребувал и ја третирал како негова „канцелариска сопруга“.

Во обвинувањето таа навела дека Де Ниро понекогаш бил пијан и викал на неа користејќи вулгарен речник, а потоа ја терал да го чеша по грб или да му ја врзува вратоврската, како и да извршува домашни работи. Покрај тоа, таа тврди дека имал обичај да носи пижами во текот на работното време и барал таа да влезе во неговата спална соба за да го разбуди.

Де Ниро, наводно, очекувал дека Робинсон секогаш ќе му биде достапен, па тврди дека работела до 11 часа на ден, но никогаш не била платена за тоа.

Тимот на Де Ниро како одговор на нејзината тужба рече: „Тврдењата на Греам Чејс Робинсон против Роберт де Ниро се пред сè апсурдни“./Makfax