22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

Домашен сапун за раце од мед, овес и козјо млеко – еве како да го направите!

Брзо и едноставно направете домашен хранлив сапун. Овој домашен сапун ги негува и штити вашите раце.

Состојки:

  • 2 лажици мед
  • 2 + 1 лажици овес
  • 225 гр база за сапун од козјо млеко

Начин на подготовка:

За почеток сомелете овес во мелница за кафе. Потоа извадете ја базата и ставете ја во сад, па растопете ја на пареа или 30 секунди во микробранова. Сè добро измешајте со пластична лажица, да се растворат сите грутки.
Тргнете го садот од шпорет или микробранова, па додајте ги останатите состојки. Измешајте ја смесата па по желба додајте неколку капки прехранбена боја.
На дно на силиконски калап ставете малку овес кој не сте го сомлеле па преку ставете ја течната смеса.
Оставете благо да стегне 20 минути, па сапунот префрлете го во студено место да отстои пред да почнете да го користите.