Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Повеќе од половина ендемски видови во Европа би можеле да исчезнат

Повеќе од половина ендемски европски видови на дрвја се загрозени и би можеле да изумрат, според студијата на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN).

Дури 58% од 454 европски ендемски видови на дрвја, што значи дека постојат само во Европа, се многу загрозени, при што скоро 15% (66 видови) се критично загрозени.

Овие видови се загрозени од паразити, прекумерна сеча и урбан развој, тврди IUCN.

Еден од челниците на IUCN, Крег Хилтон-Тејлор, вели дека Европската унија и конзерваторите треба да бидат многу загрижени.

„Дрвјата се од витално значење за животот на Земјата, а европските дрвја, според нивната разновидност, се извор на храна и засолниште за многу животни, како птици и верверички“, изјави тој.

Меѓу загрозените видови се и дивиот костен и оскорушата.

Дивиот костен е најзагрозен од молец кој од Балканот се проширил низ Европа, тврди IUCN.