Centar.mk
Uncategorized

СРЕДБАТА ВО СОФИЈА БЕЗ ПРОБИВ: Муцунски вели дека недовербата останува висока

Разговорот меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Бугарија заврши без договор за главните спорни прашања. Тимчо Муцунски по средбата оцени дека меѓу Скопје и Софија сè уште постои сериозен недостаток на доверба, но дека комуникацијата се одвивала конструктивно.

Македонската страна останува на ставот дека европскиот процес не треба да се оптоварува со прашања поврзани со јазикот, идентитетот, културата и историјата. Од Софија, пак, повторија дека очекуваат спроведување на обврските преземени во рамките на европскиот договор од 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

ЦРНА ГОРА ГИ ИЗГЛАСА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Со 56 гласа воведена основа за проверка на интегритетот на министрите

ДЕСК

Стручната книга „Превентивна стоматологија“ ќе биде промовирана на Стоматолошкиот факултет

ДЕСК

Јубилеј што го истакнува придонесот на Силјан во вреднувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонското книжевно наследство

ДЕСК