Многу луѓе се жалат на болки во зглобовите, колената, колковите, долниот дел на грбот, но и вратот.
Тие проблеми можат да настанат од различни фактори, но воглавно тоа е поради неправилниот и лош начин на живот.
Во прилог ви донесуваме природен рецепт, за кој оние кои го пробале велат дека помага во отстранување на болките.
Состојки: 200 гр мед, 40 гр семки од тиква, 8 лажици ленено семе, 3 лажици суво грозје
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте. Хомогената смеса која сте ја добиле можете да почнете да ја консумирате веднаш.
Лекот земајте го два пати на ден, надобро навечер и наутро по една лажица.
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.