6. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Еве како да ја зголемите вредноста на вашиот недвижен имот

Инвестирањето во недвижности е сигурна и долгорочна инвестиција. Многу чинители влијаат врз нивната вредност, и на тоа дали таа ќе опадне или ќе порасне. Најголемиот фактор да ја задржите вредноста на вашата инвестиција е истата да се одржува на правилен начин.

Покрај економското опкружување, понудата и побарувачката на пазарот, инфлацијата, исто така и функционалноста, амортизацијата, трошоците за одржување и сл. влијаат врз вредноста на недвижниот имот, па така тој може да ви донесе добивка или загуба!

Дали знаете дека вредноста на вашиот имот и недвижностите може да се зголеми и со едноставни и мали инвестиции коишто можат да се исплатат и да ја зголемат цената на недвижноста, како на пример:

– редовна проверка на електричната и водоводната инсталација
– редовна контрола на системите за греење и ладење
– реновирање (во зависност од потребите, на столаријата, на кујната или тоалетот);
– варосување;
– уредувањето на дворното место;
– чистење итн.

Можеби е потребно:

– преуредување на станбениот или деловниот простор или пренаменување на едното во друго;
– обезбедување соодветна опрема или приклучоци за истите или
– енергетски поефикасни решенија (користење штедливи светла, енергетски ефикасни климатизери, подобра изолација итн.).

Сето тоа може да придонесе вашиот недвижен имот да стане поатрактивен за продажба или за издавање под закуп.

Но, за сето тоа потребно е и време, знаење и посветеност. Доколку не сакате да се доведете до непријатна ситуација и загуби, потребен ви е соодветен план и навремено организирање и преземање на активности, како и консултирање експерти.

Тие ќе ви помогнат во проценката на вредноста на имотот и како таа може да се зголеми, но можат и целосно да се погрижат за неговата функционалност и профитабилност доколку се работи за издавање на деловен или станбен простор.

Затоа, наместо времето да го трошите „трчајќи“ и барајќи на разни страни совети, идеи и подизведувачи, најдобро е да ангажирате стручен кадар и тоа со искуство во областа на управување со средствата и недвижниот имот. Некои компании веќе постојат на нашиот пазар кои работат во овие области. FMS (Facility Management Services) ги инкорпорира сите овие услуги на едно место, а ги димензионира во зависност од одделните потреби на секој клиент. Ваквите специјализирани фирми редовно се грижат за имотот и неговата вредност и водат евиденција за неговата тековна состојба. На тој начин ќе бидете во тек со актуелните настани, ќе бидете усогласени со законските регулативи и даночни политики. Сето тоа ќе ви овозможи да се справите со ризиците од загуби, но и да го зголемите вашиот имот и приходите.

Фасилити менаџмент компанијата ви е потребна доколку сакате вашиот недвижен имот да ја задржи и зголеми својата вредност, ако сте компанија и сакате вашите имоти или канцеларии да бидат ефикасно управувани или ако не знаете што да правите со некој имот, да му се најде намена која ќе носи профит. Мисијата на ваквиот тип на фирми е некој друг да се грижи за проблемите кои не знаете да ги решите или ви претставуваат товар од аспект на непотребно трошење на скапоцени ресурси, а истите тие ресурси можат да бидат искористени на правилно место и со тоа вие да се посветите на вашиот основен бизнис, со што ќе ја зголемите профитабилноста.