Centar.mk
ЛОКАЛНО

Жичницата на Водно ќе работи до 18 часот

Од денеска, 1 октомври, Жичницата Милениумски крст ќе работи еден час помалку од досега, односно до 18 часот.

Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од доле нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе надоле.

Согласно утврдениот возен ред, работното време од 10 до 18 часот важи до 1 ноември.

Жичницата на Средно Водно работи секој ден освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот.

Можеби ќе ве интересира

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК

СВР Охрид во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација

ДЕСК

Усвоен буџетот на Општина Илинден за 2026 година

ДЕСК