17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прекинува вакцинацијата на свињите против болеста класична свинска чума

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од денес ја прекинува вакцинацијата на свињите против болеста класична свинска чума, како дел од сетот превентивни активности, кои ги презеде во изминативе две години, со цел создавање услови за добивање на дозвола за извоз на домашно свежо свинско месо на европскиот и светскиот пазар, каде расте и побарувачката и цената на овој тип месо.

Очекувањата на АХВ се дека реално, со пласман на првите количини свинско месо од земјава може да се почне во 2021 година, односно, најмалку една година откако земјава ќе престане со превентивната вакцинација на свињите, мерка која е забранета во ЕУ, а каде болеста е успешно искоренета и ставена под контрола.

Во 2018 година спроведен е вонреден, а годинава и редовен попис на одгледувалиштата, во рамки на кој се евидентирани вкупно 2.315 свињарски фарми со 125 илјади товеници.

Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатите години спроведуваше мониторинг на ефикасноста на извршената вакцинација против класична свинска чума кај свињите во комерцијалните фарми, и го мониторираше и присуството/отсуството на вирусот на болеста и кај популацијата на диви свињи. За оваа намена се вршеа лабораториски испитувања на отстреланите диви свињи од страна на ловните друштва со кои АХВ има склучено договори.